Десет образовни асистенти од Куманово кои ќе им помагаат на учениците-основци од ромска етничка заедница

Сподели со своите пријатели

Десетте образовани асистенти кои се ангажирани во рамки на проектот „Креирање можности за работа за сите ги потпишаа договорите во Општина Куманово, информираа денеска надлежните од одделението за стратешко планирање, креирање политики, следење и локален економски развој.

Loading...

Асистентите ќе бидат ангажирани за период од шест месеци по 20 часа неделно во рамки на програмата општинско корисна работа на проектот „Креирање можности за работа за сите ” финансирана од швајцарска агенција за развој и соработка во партнерство со Министерство за труд и социјална политика и Агенција за вработување.

– Проектот ќе се реализира во четири основни училишта од општина Куманово „Христијан Карпош“, „11 Октомври“, „Браќа Миладиновци“, „Крсте Мисирков“. Образовните асистенти ќе бидат присутни на часови со ученици од прво до деветто одделение, ќе им помагаат на ромските ученици во спречување на јазична бариера и ќе имаат ангажман на медијатори помеѓу стручните служби во основните училишта, образовниот асистент и родителите-изјави Ахмет Јашаровски, соработник од одделение за стратешко планирање, креирање политики, следење и локален економски развој (ЛЕР) од Куманово.

Општината го објави повикот во август, годинава, а право на учество во програмата имаа невработените лица, при што предност имаа лицата кои за прв пат се јавуваат за учество.

Кандидатите кои се избрани ќе добијат паричен надоместок во висина од 9.000 денари бруто износ, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Работните позиции се однесуваат на ангажирање на образовни асистенти за првоодделенци и за ученици од второ до деветто одделение. Во повикот се бараа пет асистенти за работа со првоодделенци и пет за ученици од второ до деветто.

МИА

Leave a Reply