Десет лаги во кои веруваме благодарение на филмовите (видео)

Сподели со своите пријатели

Ликовите во филмовите можат се. Во опасни ситуации во милисекунди донесуваат совршени одлуки, нивните оружја ретко се без муниција и премногу често имаат неограничен број на куршуми, а нивната вообичаена реакција на експлозијата обично е кулерска прошетка во slow motion.

Loading...

Филмовите се тука да не забават и не е потребно да се потенцира дека она што го гледаме во нив не треба да го земаме здраво за готово.

Сепак, поголемиот дел од гледачите откако ќе одгледаат филм нема да отидат на интернет за да го истражат она што го гледали, па многумина од нас и не знаат дека понекогаш и најбаналните работи за кои никогаш не би размислувале се премногу „филувани“ за потребите на филмот.

Во продолжение ви ги пренесуваме десетте најголеми лаги во кои холивудските сценаристи не убедија дека се вистина.

Запалена цигара и трагови од бензин

Овој стар филмски клише можеби делува кулерски на големото платно, но во реалноста ситуацијата е малку комплицирана. Едноставно да запалите цигара во близина на траг од бензин кој води до складиште со муниција не е доволно да дигнете се во пламен. Имено, запалената цигара не ствара доволно голема температура.

Доктор Ричард Тонтарски, форензичар, направи експеримент за да го разбие филмскиот мит, но и по 2000 обиди нему и на неговата екипа не им тргна од рака да запалат бензин во садот.

Loading...

Тонтарски претпоставува дека проблемот веројатно лежи во слојот пепел или фактот дека парата од бензинот е многу оддалечена од топлиот дел од цигарата.

Луѓето во Холивуд се свесни дека ова е мит, но не им е гајле – заклучува др. Тонтатрски.

Нешто слично важи и за пукање во резервоари и буриња со гориво кои надвор од Холивуд се опираат од експлозии.

Пукањето во катанец ги отвора сите врати

Тоа е логика која функционира само во филмовите. Во секоја друга ситуација, личноста доволно луда да испроба да разбие катанец со куршум од непоследна близина ќе заврши со сериозни последици и прострелни рани.

Доколку сте наоружани со Магнум пукање од непосредна близина ќе го отвори катанецот, но и натаму може сериозно да бидете повредени.

Човекот од DemolitionRanch одлучил од сигурна одалеченост да провери она што и многумина пред него го долажале, а тоа е дека со обичен пиштол не може да се отвори катанец.

Дефибрилатори ги оживуваат мртвите

Loading...

Скоро секој филм или серија во која имате можност да наидете на ваква сцена вас ќе ве увери дека дефибрилаторите се чудо од модерна технологија која оние кои се „половина“ мртви ги враќа во живот. Да не дојде до забуна, се работи за извонреден изум, но и изум кој во реалноста не функционира како на филмското платно.

Имено, дефибрилацијата е примена на благи и контролирани електро шокови на пределот на градниот кош или директно на срцето за да може да се нормализира неговата работа. Нагласокот е на „нормализира“, а делот со магичното оживување не постои. Значи, супер се кај аритмии, фибрилации на срцевите комори или вентрикуларна тахикардија, но ако се обидете некого да оживеете тоа ќе ви појде од рака само ако го правите во друштво на сниматели, режисери, сценаристи и колегите актери.

Исто така, веројатно ќе ве растажи и информацијата дека телото на пациентот не лета половина метар во воздух, а модерните дефибрилатори исто така немаат ни препознатлив звук кој сите го знаеме.

https://www.youtube.com/watch?v=kTaFukgsJwY

Пригушувачите го претвораат пукањето во тивко прдење

Сите све го виделе ова во девет од десет акциони филмови. Некоја личност на пиштолот ќе намести пригушувач и експлозијата од пукање се претвора во глувчешко прдење.

„ No Country For Old Men“ се обиде да не увери дека со доволно голем пругушувач можете да ја „замолчите“ и пумпарката.

Секако тоа се глупости, а многу од вас веројатно ќе се изненадат на фактот дека пригушеното огнено оружје е за само триесетина децибели потивно од обичното пукање. Тоа не е целосно занемарливо, но и понатаму се зборува за пукање кое апсолутно сите ќе го слушнат затоа што се работи за 120 до 130 децибели.

Loading...

Страшниот крик на белите орли

Со оглед на тоа дека зборуваме за митови произведени во Холивуд, накратко ќе се позабавиме и со американскиот симбол, односно белоглавиот орел, кој благодарејќи на филмската индустрија исто така се наоѓа на оваа листа.

Имено, секој пат кога овој симбол на америакнската моќ ќе се појави на филмскиот екран, ќе го слушнеме и неговиот застрашувачки крик кој на непријателите на САД им влева страв во коски.

 Но, тука има мал проблем. Крикот на белоглавиот орел кој го слушаме не припаѓа на оваа птица, туку на друга помалку импресивна – црвениот јастреб.

Loading...

Рамките со муниција се вреќа без дно

Имено, филмовите не убедија дека рамките со муниција кај митралезот се како вреќа без дно, а една рамка е доволно да уништи цела војска непријатели.

Како што може и да претпоставите, тоа е најобична глупости, а триесетина куршуми, колку и има во рамката на автоматска пушка АК-47 или популарниот Калаш, ќе се испрази за четири секунди.

Со автомобил прескокна провалија и мирно продолжува понатаму

Loading...

Ова сте го виделе безброј пати. Главниот јунак бега од негативецот и во последен момент ќе наиде на совршена можност. Ќе додаде гас до даска и ќе го прелета подвижниот мост или провалијата и веднаш потоа ќе продолжи како ништо да не се случило. И многумина веруваат дека ова е можно да се случи.

Иако фановите на филмот „ Fast and Furious“ не се малку, што се објаснува со популарноста на овој филм, дури и тие се свесни дека после ваков скок единствено што може е да повикате влечна служба да ви го собере уништениот автомобил.

Имено, Mythbustersi се обидоа да направат неверојатен скок, прескокнувајќи педесетина метри и го уништија и автомобилот и митот за летањето. Инаку, вреди да се спомене дека возилата користени во гилмовите редоно завршуваа на отпад и по само еден скок.

Доколку ви треба додатен примет тука е и резултатот на прелетувањето снимен во Хрватска, каде мостот беше подигнат на само два и пол метри.

Loading...

Добива куршум во рамо или се онесвестува од удар во главата

Дури ни во филмовите никој не вели дека не е опасно да пукате во нечие рамо или нога. Меѓутоа, филмовите со време не уверија дека и такви рани се добар знак и предупредување дека нашиот јунак ќе го дочека крајот на филмот или следното продолжение.

Секако се работи за апсолутна лага. Истражувањето спроведено на 58 пациенти погодени во раме покажува дека поголемиот дел од нив во наредните четири месеци имале неиздржливи болки, а дури половина од ваквите повреди резултира со делимично или целосно парализирање на раката.

Доколку добиете куршум во нога постои шанса да останете без нога.

Loading...

Да онесвестите некого со удар во глава во филмовите е безопасно и доста чест комично, но како што секој со пола мозок би можел да претпостави, да удрите некого во глава не е за шегување. Дури и лекарите на секој што бил без свест повеќе од 5 минути му препорачуваат преглед затоа што постои можност за протрес на мозок или опасност по животот.

Пирати и знамиња со костурски глави

jolly_09102015_fejs

Кога некој ќе ги спомене пиратите првата асоцијација сигурно ви е костурската глава со прекрстени коски или сабји. Секако, тоа нема никаква врска со реалноста, а само некои капетани го користеле овој дизај.

Знамето од кое морепловците се плашеле било со црвена боја.

Loading...

Со мачење до корисни информации

Реалноста е сосема различна, а бројни истражувања покажуваат дека не постои вистински доказ за успешноста на оваа метода (освен во некои ректи случаи) па така далеку е веројатно дека маченикот ќе признае се само да престанете.

Дури заробеникот можеби и нема да ви даде корисни информации па единствено што добивата може да биде губење на вашето време.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.