Секое девојче мечтае за принцот од бајките што ќе се појави на бел коњ и ќе ја однесе во замок, каде што ќе живее среќно до крајот на животот.
Но, кога ќе пораснете, сфаќате дека бајките не се реалност и дека можеби сепак треба да ги намалите очекувањата.
Сепак, и покрај тоа што коњот и замокот не се она што го прават некој да стане човек од соништата, постојат принцови од бајките и ги имаат следниве 10 карактеристики наведени од „Космополитиан“.
Грешки кои паровите ги прават на почетокот на врските
1. Секогаш ви е забавно во неговото друштво
Дури и кога е фатално досадно, на пример, додека чекате ред во банката, дали наоѓа начин да ја крене атмосферата? Ако не ви е досадно во ниту еден момент, чувајте го добро, затоа што тоа е човекот на сите соништа.
2. Тој ги прифатил вашите чудни навики
Ако тој не се обидува да ве смени, туку ве прифаќа какви што сте, а вашите чудни навики му се дури и убави, не се сомневајте дека тој навистина ве сака, и не можете ни да посакате подобар човек.
ПРЕДНОСТИ И МААНИ: Излегување со разведен маж кој има деца
3. Не престанува да се труди околу вас
Нему не му треба посебна пригода за романтичен гест, и после неколку месеци/години, дали се однесува со вас внимателно како што тоа го правел на почетокот на врската? Исто така, се обидува ли да ги разбере и објасни сите ваши лоши расположенија? Честитки, го најдовте вистинскиот принц од бајките.
4. Тој знае кога треба да ве турне
Ако тој е тука за вас во сите добри и лоши времиња и ви помага да „станете кога ќе паднете“, но и секогаш ве потсетува на вашите доблести, тоа значи дека тој многу се грижи за вас и вашата благосостојба и дека покрај тоа што е човек од соништа, пред се е добар како личност.
Паровите кои ги прават овие работи се посреќни, тврдат психолозите
5. Неговите пријатели стануваат и ваше друштво
Ако ве запознал со луѓето кои му се блиски, како што се семејството и најдобрите пријатели, а вие сега сте присутни на секоја или на повеќето нивни собири, тоа значи дека тој сака целосно да ве вклучи во неговиот живот и дека не се сомнева во вашата врска.
Исто така, фактот дека неговите пријатели ве приватиле во друштвото, дефинитивно го прави мажот од соништата.
6. Се интересира за вашите блиски луѓе
Ако тој се сеќава на деталите за вашите пријатели за кои сте разговарале или ги запознал и повремено се сеќава да прашува за нив, тоа значи дека тој првенствено ве слуша додека зборувате, што е исто така ценет квалитет кај луѓето, но и заинтересиран за сè што има врска со вас и тоа дефинитивно го прави човекот од соништата.
Првата година од бракот е најтешка, а еве како полесно да ја пребродите
7. Ви дава онолку слободен простор колку што ви треба
Во здравите врски, на луѓето им треба простор за активности што не мора да се прават во пар, како што се дружење со пријателите, семејството, хобијата, учењето…
Мажот кој тоа го разбира и не ви приговара кога ќе се договорите да излезете со пријателите или двапати неделно да одите на пилатес очигледно разбира што значи да се биде во врска и заслужува подеднакво разбирање од ваша страна.
8. Тој е секогаш среќен што ве гледа
Ако му измамите искрена насмевка на лицето секој пат кога ќе ве види тоа не е нешто што треба да го земете здраво за готово, туку како знак дека сте пронашле момче што никогаш не сакате да го изгубите.
Зошто не е добро да бидете во врска со згодна личност?
9. Секогаш се сеќава на вас
Никогаш нема да оди во продавница без да ве праша дали ви треба нешто, а од секое патување ви донел по нешто? Ова значи дека тој не е себичен и дека веројатно сте на прво место во неговиот живот.
10. Се чувствувате совршено покрај него
Ако се чувствувате најубаво, најсреќно и најзадоволно во неговото друштво, тој веројатно ги исполнува сите критериуми што веќе го прават целосен маж од соништата.