Дерала: Кумановчани, гласајте слободно на денот на изборите (видео)

Сподели со своите пријатели

Им честитам на медиумите во Куманово за имањето слобода и храброст да го пренесат тоа што го прикажа Центарот за слобода – ЦИВИЛ, порача од Куманово Џабир Дерала, претседател на невладината организација која вчеранавечер на градскиот плоштад им порача на кумановчани слободно да излезат на изборите во април.

Јавниот настан во организација на ЦИВИЛ се одржа во рамки на кампањата “Сите за слободни избори”, таргетирана кон јакнење на јавната свест за гласачкото право и придонес кон создавање услови за слободни избори.

[huge_it_gallery id=”264″]

Loading...

 

Тука сме да го искажеме нашиот глас бидејќи веруваме дека и Куманово сака да има слободни избори без притисок за тоа кој од која партија доаѓа и за кого гласа на изборите, изјави Дерала, посочувајќи дека во Македонија е дојдено времето кога изборите треба да бидат слободен избор на граѓаните.

 – Вечерва во Куманово ќе пуштиме видео записи кои досега не биле емитувани и вести кои ги нема во програмата на повеќето национални медиуми, изјави Дерала.

 

Дерала најави распоредување на свои набљудувачи за време на изборите и порача до граѓаните, во случај на денот на изборите да посведочат било какви нерегуларности, тоа веднаш да го пријават како ЦИВИЛ би ги преземал сите законски мерки против сторителите.

Кампањата „Сите за слободни избори“ е дел од проектот „Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“ кој го имплементира ЦИВИЛ – Центар за слобода во соработка со повеќе организации и иницијативи на граѓанското општество. Проектот е финансиран од Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.