Деновите од викендот ни носат студени утра и сончеви денови

Сподели со своите пријатели

Според податоците на порталот за временска прогноза метеопро.мк, двата дена од викендот се очекува претежно ведро време. Сосема слаба утринска магла е можна во мал дел од котлините низ земјава.

Loading...

Денеска утрото ќе започне со нешто пооблачно време во западната половина од земјава, пред се во југозападнот регион. И во источниот регион се очекува мало зголемување на облачноста, но сепак станува збор само за умерена облачност. Претпладне се очекува разведрување кое ќе биде позначајно во источниот крај. Поголемо намалување на облачноста во западниот крај се очекува попладне. Сепак споменатата облачност нема да донесе врнежи.

Во утринските часови не очекува повторно ниска температура која ќе се движи од 2 степени под нулата до 3°С.

Дневниот температурен максимум ќе биде во границите од 15°С до 17°С во котлините во повардарскиот и источниот регион, и околу 14°С во котлините во западниот регион.

Во Куманово и регионот денеска ќе имаме претежно сончево време со слаб ветер од источен правец. Утринската температура ќе биде за еден степен под нулата, додека дневниот максимум ќе достигне 13 степени целзиусови. Слично време со утринска температура пониска за еден степен се очекува и во недела.

Стабилното време не очекува и во недела, претежно ведро време, со ниски утрински температури, а во текот на денот претежно сончеви периоди.

извори: метеопро.мк / accuweather