Денот на Командата за операции утре ќе се одбележи во кумановската касарна

Сподели со своите пријатели

Во касарната ,,Боро Менков“ во Куманово, Командата за Операции (КО) утре со почеток во 11 часот ќе го одбележи денот на единицата.

Loading...

Пред присутните ќе се обратат началникот на генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и командантот на КО, генерал-мајор Павле Арсоски.

На прославата ќе присуствуваат и заменик на министерот за одбрана Башким Хасани, поранешни команданти на оваа команда, претставници од министерството за одбрана и генералштабот и претставници од локалната самоуправа.

– Активноста ќе се реализира во согласност со протоколот на Комисијата за заштита од заразни болести за одбележување празници, за бројот на учесниците, здравствено-безбедната организација и движењето, со обезбедено растојание и заштита, информираше потполковник Тони Јаневски, Началник на Канцеларија за односи со јавност и портпарол на Генералштабот.

За ден на Командата за Операции е определен 17.октомври, како спомен на одбележување на значајните историски настани врз кои се темелат традициите во Армијата, кога во 1887 година во селото Кресна е формиран штабот на македонското-кресненско востание кој е воедно и ден кога е кренато востанието.

Никола Ивановски

Leave a Reply