Денеска врнежливо и посвежо

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, на југ со сончеви периоди, а со повремен дожд претежно во северните делови од земјата, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

На планините врнежите ќе бидат од снег, а повремен снег ќе има понекаде и на повисоките места.

Ќе дува слаб до умерен северен ветер во северните делови и слаб јуже во јужните делови од земјата.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Утринската температура ќе биде околу три степени, а максималната дневна ќе достигне до 11 степени целзиусови. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец.

 

Loading...

 

Преку ноќта кон среда и во среда во северните делови на планините ќе се формира дополнителна снежна покривка, а мала снежна покривка ќе се формира и понекаде на повисоките места.

Од овој влажен бран врнежите ќе бидат пообилни на западот (над 25 л/24ч) особено во ноќта кон среда и во среда претпладне кога во републиката ќе започне да дува и повремено силен северозападен ветер (над 65 км/час), велат од УХМР.

Никола Ивановски

Leave a Reply