Денеска услови за дожд и грмотевици

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи денеска не очекува сончево до умерено облачно време, а во текот на денот во попладневните часови во западните делови ќе има локален слаб дожд.

Loading...

Што се однесува до Куманово и околината, во претпладневните часови не очекува делумно сончево време, додека во попладневните часови можеме да очекуваме краткотраен дожд  проследен со грмотевици и ветер од јужен правец.

Температурата во Куманово ќе се движи од 11 степени во текот на раните утрински часови, до максимална дневна температура од 23 степени целзиусови.

Во текот на наредната недела времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, освен во вторник кога ќе биде стабилно и суво.