Денеска состанок на Контакт групата за одбрана на Украина

Сподели со своите пријатели

Новиот состанок на Контакт групата за одбрана на Украина, закажан за 22 ноември, ќе се фокусира на обезбедување на способностите на украинските сили неопходни за самоодбрана, изјави заменик портпаролката на Пентагон Сабрина Синг.

Loading...

„На 22 ноември, министерот за одбрана Лојд Остин ќе го одржи 17-тиот состанок на Контакт групата за одбрана на Украина во виртуелен формат, што ќе ја зајакне посветеноста на Соединетите Американски Држави кон Украина заедно со нашите повеќе од 50 сојузници, рече таа, според Танјуг, цитирајќи го Укринформ.

Американска поддршка за Украина

Сабрина Синг нагласи дека САД ќе продолжат да работат со коалицијата на сојузници и партнери „за да и ги обезбедат на Украина потребните капацитети за самоодбрана“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пекинг го замрзна имотот на осум американски компании во Кина

Според неа, од големо значење е Конгресот конечно да го одобри барањето на претседателот Џо Бајден за дополнително финансирање, кое вклучува голем пакет помош за Украина.

Министерот за одбрана Лојд Остин во понеделникот во ненајавена посета на Киев рече дека неговиот престој во главниот град на Украина е знак на потврда дека САД ќе продолжат да и помагаат на Украина да се спротивстави на руската агресија.