Денеска сончево и многу топло, температури до 40 степени

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло, во источните делови со мала до умерена облачност и со услови за појава на краткотраен дожд, инфромираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува умерен југозападен ветер, кој повремено ќе засилува, особено на запад. Коефициентот на ултравиолетовите зраци ќе има вредност 9. Минималните температури ќе се движат од 14 до 21 степен, додека максималните ќе бидат во интервал од 33 до 40 степени целзиусови.

Во Куманово и околината денеска не очекува сончево и многу топло време. Че дува слаб ветер од јужен, односно југоисточен правец, а максималната дневна температура ќе се искачи до 37 степени целзиусови.

Поради изразено југозападно воздушно струење и прилив на многу топла воздушна маса, во наредните денови ќе биде уште потопло со натпросечни температури на воздухот. Од утре до сабота вдолж Повардарието максималната температура ќе надмине 40 степени. Утре ќе дува засилен југозападен ветер.

Во недела поради брз продор на влажна и посвежа воздушна маса од север, ќе има врнежи од дожд и појава на грмежи и со засилен северен ветер ќе започне значително опаѓање на температурата. Ова ќе обезбеди неколкудневно попријатно време.

 

Loading...