Денеска сонце, a утре слаби услови за дожд

Сподели со своите пријатели

Како што пренесува порталот метеопро.мк, денеска во Република Македонија не очекува претежно сончево претпладне, а умерено облачно попладне, додека во вечерните часови во северозападниот регион може да има мали услови за дожд.

Loading...

Минималната утринска температура ќе биде во интервал од 5 до 10, додека максималната дневна од 21 во западниот регион, до пријатни 24 степени во источниот крај од земјата.

Во Куманово денеска не очекува претежно сончево време со сосема слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе изнесува 10 степени, а максималната дневна ќе достигне до 21.

Порталот за временска прогноза пак accuweather информира дека во недела и понеделник во Куманово ќе имаме можност за слаби врнежи од дожд, претежно во попладневните часови, но не се очекува промена на температурната состојба.