Денеска се слави Св. Лука – заштитник на лекарската професија

Сподели со своите пријатели

Денеска се одбележува денот на светиот апостол и евангелист Лука, кој според верувањата е заштитник на лекарската професија, но и домашна слава на многу православни семејства.

Loading...

Апостол Лука е еден од четирите евангелисти чии дела денеска се наоѓаат во Новиот Завет. Според едни, тој им припаѓал на Дванаесетте апостоли, а според други не бил во редот на овие апостоли туку во Седумдесетте апостоли.

По Христовото воскресение, апостол Лука напишал Евангелие за животот и делото на Исус, па главно поради ова тој е познат ѝ како Евангелист.

Роден е во Антиохија. Во младоста ги изучувал медицината и сликарската уметност. Тој ги насликал првите икони на Богородица, како и првите на апостолите Петар и Павле.

По смртта на божествениот Павле, тој едно време поминал во Египет, а оттаму заминал во Грција. Таму многу пострадал, проповедајќи го воскреснатиот Христос, и потоа, во Теба Беотиска, незнабошците го обесиле на едно маслиново дрво.

Од него како културно и религиско наследство е останато едно Евангелие, а ја напишал и книгата „Дела апостолски“, и двете упатени, како писма, до великодостојникот Теофил.