Денеска се празнува Свети првомаченик и архиѓакон Стефан

Сподели со своите пријатели

Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан e еден од првите седум ѓакони ракоположени од светите апостоли и првиот маченик за Христа. Православната Црква го празнува неговиот спомен на 9 јануари, односно 27 декември.

Св. архиѓакон и првомаченик Стефан бил Евреин, соработник на апостолите, еден е од седумте ѓакони на ерусалимската црква. Со него почнува подвигот на мачениците, па во таа смисла и е наречен првомаченик. Пострада од евреите во Синедрионот, откако во долга беседа им докажуваше дека оној Исус кого тие го убија беше навистина Помазаникот што го очекуваат, т.е. Христос.

Во 415 година, неговите мошти се пронајдени на чудесен начин и сместени во Сионскиот храм во Ерусалим. Денеска овој датум го одбележуваат многу семејства како домашна слава.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.