Денеска се избираат двајца нови министри и тројца заменици

Сподели со своите пријатели

Според договорот од Пржино од 15 јули, на кој потпис имаат ставено четирите најголеми политички партии во Република Македонија, денеска треба да се изберат двајца нови министри и тројца нови заменик министри на предлог на СДСМ, а еден заменик министер по предлог на ВМРО-ДПМНЕ.

Loading...

СДСМ треба да предложи нов министер за внатрешни работи, труд и социјална политика, но во консултација со ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, додека замник министерот ќе биде од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а заменици за финансии, иформатико општество и администрација, како и за земјоделство ќе бидат од редовите на опозицијата.

Според неофицијалните информации на дел од медиумите, од СДСМ за нов министер на МВР ќе биде предложен Лазо Велковски, поранешен шеф на Градската управа за внатрешни работи во Скопје и Раде Јанковски, сегашен пензионер, а поранешен шеф на граничната полиција, а во спротивничкиот табор како претставник ќе биде актуелниот министер Чавков.

Според договореното од Пржино замениците министри ќе имаат право на вето и непречен преглед во финансиите и сите правни и кадровски работи.