Денеска пристигнува есента

Сподели со своите пријатели

23ти септември е 266-иот ден во годината според григоријанскиот календар, а до крајот на годината ни остануваат 99 денови. Денеска календарски започнува годишното време есен.

Loading...

Есента означува премин од лето во зима, која се случува во септември кога доаѓањето на ноќта настанува значително порано.

Во астрономијата денес е вообичаената дата на која настапува есенска рамноденица (првиот ден на есента) на Северната Хемисфера, односно пролетна рамноденица (првиот ден на пролетта) на Јужната Хемисфера.

Меѓутоа ваквата поделба не е универзална. Исклучокот од овие дефиниции е Ирскиот календар кој сѐ уште го следи келтскиот циклус, каде есента трае цел август, септември и октомври. Во кинеската астрономија, есенската рамноденица ја означува средината на есента, за окја се смета дека започнала околу 7 август.

Од друга страна, метеоролозите го сметаат за есен цел април и мај на Јужната, и септември, октовмри и ноември на Северната полутопка. Иако по летната сончева прествртница деновите почнуваат да се скратуваат, обично во септември (Северна полутопка) или март (Јужна полутопка) квечерините стануваат приметливо пократки и самата промена е понагла отколку одолговлечените квечерини на лето.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.