Денеска ќе се одлучува дали утре ќе одиме во карантин

Сподели со своите пријатели

Владата денеска треба да одлучи дали ќе го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за викенд карантин од 58 часа поради празниците Рамазан Бајрам и „Свети Кирил и Методиј“.

Иако според првичните неофицијални најави ваквиот предлог бил прифатлив за надлежните, се крена голема врева и незадоволство меѓу граѓаните, а ИВЗ веќе подготви план за одење во џамија за празникот и покрај најавите за можен целосен карантин.

Loading...

Според пишувањата на одредени национални медиуми, се разгледува можноста и за полициски час кој би почнувал од 16 часот, наместо целосно затворање во национален карантин.

Засега се уште нема закажано владина седница на која ќе се носи ваквата одлука.

Никола Ивановски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *