Денеска и утре повеќе локации низ кумановско без струја

Сподели со своите пријатели

Во текот на денешниот ден планирани се зафати без напојување со електрична енергија на повеќе локации, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во период од 08:15 до 15:00 часот прекини со снабдување на електрична енергија ќе има на улиците „АВНОЈ“,и  „Видое Смилевски Бато“,  додека во период од 09:00 до 15:00 часот улиците „Васко Карангелевски“, „Тоде Думба“, „Теофан Економов“, „Драган Стопаревиќ“, „Биљановска“ и „Панчевачка“ во периодот од 09,00-15,00ч.

Прекини во снабдувањето со електрична енергија ќе има и во текот на утрешниот ден. Станува збор за улиците „Митче Ацев“, „Драган Стопаревиќ“, „АВНОЈ“, „Тоде Думба“ и населбата Бабин Дол.