Денеска и утре невообичаени температури за овој период од годинава

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со можни повремени локални врнежи од дожд во западните делови од земјата, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб јужен ветер, а температурата ќе се движи во интервал од 7 до 13 степени целзиусови.

Што се однесува до Куманово и околината во текот на деноте ќе имаме претежно облачно време, со минимални сончеви периоди и мали услови за дожд во текот на денот. Температурата во текот на денот ќе достигне до 10 степени, додека во текот на ноќта ќе се спушти само на 1 степен над нулата.

И утре ќе преовладува стабилно и топло време, невообичаено за овој период од годината, додаваат од УХМР. По котлините ќе има појава на слаба утринска магла.

Во вторник ќе биде променливо облачно со локален дожд и ќе дува  засилен ветер од југозападен правец. Од среда  се очекува опаѓање на дневната температура што ќе предизвика врнежите на некои од повисоките места и на планините да преминат во снег.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.