Денеска дожд, попладне и грмежи

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, од изутрина со врнежи од дожд кои попладне повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Loading...

Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи околу 10 степени, а максималната дневна се очекува да се искачи до 16 степени целзиусови.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец возел пијан и бил агресивен кон полицајци

 

 

Под влијание на циклонска активност денеска и во четврток времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд.

Локално врнежите ќе имаат пороен карактер, ќе бидат проследени со грмежи и засилување на ветерот, а ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.

Дневната температура ќе се намали.

Во петок и сабота ќе биде посончево и потопло, во попладневните часови со изолирана појава на пороен дожд и грмежи, а во недела нестабилно ќе биде на повеќе места.

 

Loading...

Никола Ивановски