Денеска топло и стабилно време, дестабилизација во среда

Сподели со своите пријатели

Денеска не очекува топло време со температури невообичаени за овој период од годината, посебно за северните и источните делови на земјава. Целото подрачје ќе биде под влијание на топла и стабилна воздушна маса која ќе предизвика претежно сончево, суво и топло време.

Loading...

Што се донесува до Куманово, денеска не очекува исто така топло и стабилно време, со благ ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 14 степени целзиусови во утринските часови, а максималната дневна температура ќе достигне 34 степени целзиусови.