Денеска до 38 степени, од утре попладневна нестабилност

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, во западните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец.

Loading...

Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 38 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време. Ќе дува слаб ветер од северен правец, а максималната дневна температура ќе достигне 34 степени целизусови.

Под влијание на понестабилна воздушна маса, од утре следуваат денови кога во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, велат од УХРМ.

Нестабилно на повеќе места ќе биде за време на викендот, кога ќе има и намалување на дневната температура.

Никола Ивановски

Leave a Reply