Денес температури до 38 и висок УВ индекс, од понеделник дестабилизација

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој повеќе ќе биде изразен вдолж Повардарието, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од 10 до 19 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 27 до 33 степени целзиусови. УВ индексот ќе биде значително висок и ќе има вредност 9.

Сончево до умерено облачно време ќе имаме и во Куманово со температура од максимални 29 степени целзиусови и повремен умерен ветер од северет правец.

До недела ќе се задржи претежно сончево време со пораст на температурите, а особено топло ќе биде за време на викендот, кога максималните ќе се движат од 31 до 38 степени.

Во почетокот на наредната седмица ќе биде нестабилно облачно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а дневната температура ќе биде во опаѓање.

 

Loading...