17.08.2016 09:59

Денес температури до 36 степени, утре услови за дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се спушти помеѓу 10 и 18, а дневната ќе достигне вредности од 29 до 36 степени целзиусови. Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала до умерена облачност и слаб ветер од источен, односно југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до 32 степени целзиусови, додека истата во текот на ноќта ќе се спушти на 15.

За утре се најавени грмотевици и услови за дожд, исто како и за петок, но нема да донесат значителен пад на температурите. Потоа ќе ни претстои сончев и убав топол летен викенд.

 


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments