Денес сончево и топло, во четврток можен дожд и грмотевици

Сподели со своите пријатели

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево, тивко и топло летно време, според прогнозата на сајтот accuweather.com.

Максималната дневна температура денеска ќе изнесува 31 степен целзиусови, а ќе дува многу слаб ветер од северен, односно северозападен ветер. Во текот на ноќта температурата ќе се спушти до 13-от степен.

Слично време ќе имаме и во текот на утрешниот ден, а веќе во четврток е можна мала дестабилизација на временските услови која може да донесе грмотевици и врнежи од дожд во попладневните часови, но без услови за пад на температурата.

Но веќе од петок повторно ќе имаме сонце и почеток на топол викенд.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.