Денес се очекува свежо и ветровито време

Сподели со своите пријатели

Сончев, но малку посвеж ден ќе биде четврток. Само наутро ќе има умерена облачност, пред се во јужниот и источниот дел од земјата, но со тенденција на брзо разведрување. Се очекува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а истиот ќе придонесе за чувство на додатна свежина.

Loading...

Максималната дневна температура ќе достигне вредности околу 24°С во северниот и пелагонискиот регион. Малку посвежо ќе биде во охридско-преспанскиот крај, каде максималната ќе достигне околу 22°С. Најтопло ќе биде на југоисток, до 27°С.

Скопската котлина ја очекува претежно сочнчево и малку ветровито време. Максималната температура ќе достигне до 24°С.