Денес се очекува променливо време и температури до 31 степен

Сподели со своите пријатели

Претежно сончево во северниот регион и со мала до умерена облачност во јужниот крај се очекува претпладнево. Попладне развој на нестабилна облачност се очекува во крајните јужни делови од земјава која ќе донесе локален дожд и ретка појава на грмежи, пред се околу планините во споменатиот крај.

Loading...

Максималната температура во поголем дел од низините во источниот и повардарскиот крај ќе има вредности околу 31°С.

Во Скопје се очекува претежно сончево време претпладне и мала облачност попладне. Максималната температура ќе достигне до 31°С.