Православните верници денес го честуваат празникот на тројцата светители Св. Василие Велики, Св. Григорије Богослов и Св. Јован Златоуст.
Во народното верување останало дека тие се значајни личности што страдале за Христовата вера и дека “душа дале за христијанството“. Во Охрид како што запишал Е. Спространов празникот се вика “Три стопци“ наместо три столбци или Три Светители затоа што се верувало дека тие ја крепеле земјата. Ако не биле тие, таа “ќе пропаднела“.
Loading...
Loading...
Христијанската црква, меѓутоа, на овој ден заедно го празнува споменот на Св. Василие Велики, Св. Григорије Богослов и Св. Јован Златоуст, иако тие си имаат и посебни празници. Овој празник е востановен во 1084 година во Цариград.
Епископот Јован го одбрал овој ден бидејќи тројцата светители имаат празници во јануари.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.