Денес пеколни температури и висок УВ индекс, а од сабота температурен шок

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне во западните делови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се дбижат од 13 до 21 степен, додека максималните дневни вредности ќе бидат во интервал од 32 до 37 степени целзиусови. Индексот на УВ зрачењето ќе биде доста висок и ќе има вредност 9.

Конкретно во Куманово и околината ќе имаме претежно сончево време со сосема слаб ветер од северен односно северозападен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до 35 степени, а УВ индексот ќе биде висок и ќе има вредност 8.

До четврток ќе се задржи претежно стабилно и топло време со пораст на дневните температури. Во попладневните часови ќе има услови за краткотрајна нестабилност.

Во петок попладне ќе настапи значителна промена на времето кога на повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Врнежите ќе бидат пообилни преку ноќта кон сабота, особено во северните делови. В петок кон крајот на денот ќе почне да дува северен ветер кој повремено ќе се засилува и ќе предизвика нагло опаѓање на температурата.

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.