Денес очекувајте поројни дождови и ветер до 80 км/час

Сподели со своите пријатели

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни кон крајот на денот и во вечерните часови, особено во западните и северните делови, предвидуваат метеоролозите на УХМР за почетокот на работната недела.

Локално врнежите ќе бидат поројни и ќе има услови за појава на грмежи.

На повеќе места ќе наврнат над 25л/м2 дожд. Ќе дува умерен до засилен  јужен ветер, кој на места ќе достигнува брзина околу 80 км/час.

Утре ќе биде променливо облачно и стабилно со подолги сончеви периоди.

Потоа во наредните денови ќе има повремени врнежи од дожд и ќе дува слаб до умерен северен ветер. Дневните температури сосема благо ќе опаднат.

 

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.