Денес облачно – за викенд сончево и топло време

Сподели со своите пријатели

Според метеролозите, петок ќе биде облачен ден но со послаби врнежи до дожд, со расчистување на облачноста во вечерните часови.

Loading...

Температурата на север ќе достигне вредност околу 22°С, а во југозападниот крај се очекува максимална околу 21°С. малку потопло ќе биде во југоисточниот регион, до околу 25°С, јавува Метеопро.

За време на викендот се очекува сончево и потопло време.

Максималната температура во сабота ќе достигне околу 24°С и максимални 28°С на југоисток.

Во недела ќе биде за околу 2 степени потопло со температура помеѓу 25°С и 28°С.