Денес обилни врнежи од дожд и благ пад на температурата

Сподели со своите пријатели

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд , кои ќе бидат пообилни во источниот и североисточниот дел од земјава ќе го одбележат денешниот ден, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во текот на денот интензитетот на врнежите ќе се намалува, а ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Најниската утринска температура ќе биде во интервалот од 3 до 7, а највисоката дневна од  5 до 12 степени целзиусови.

Куманово и околината денеска ќе бидат исто така под влијание на интензивни врнежи од дожд, за што Националниот хидрометеоролошки завод има издадено и жолто предупредување. Што се однесува до температурните вредности не очекува благ пад, па така највисоката дневна во Куманово денес ќе доситне само 8 степени, додека во текот на ноќта ќе се спушти до третиот степен.

Во петок ќе има извесно стабилизирање на времето, а од сабота повторно ќе има врнежи од дожд, кои на места се очекува да бидат обилни.