Денес нè очекува дожд и умерен ветер од јужен правец

Сподели со своите пријатели

Осум литри дожд наврнаа во Куманово во последното деноноќие, јавува УХМР во дневниот извештај, откако Македонија од вчера е зафатена со влажен бран и дождови низ целата држава

Loading...

И за денес, метеоролозите предвидуваат променливо облачно со повремен локален дожд, пообилни врнежи ќе има во северозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во наредните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на серија влажни бранови од Медитеранот кои ќе предизвикаат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, само на повисоките планини со повремен снег.

Утре ќе има пообилни врнежи во северозападниот дел на земјава, а в среда на повеќе места, кога се очекува да наврнат и над 40 л/м2 воден талог.