Жаклина Божиновска од Куманово која трагично го загуби животот во саботните поплави кај скопска обиколница ќе биде погребана денес на градските гробишта во Куманово.
Погребот на Божиновска е закажан за 15 часот, а по повод нејзината ненадејна смрт, денес од страна на Форумот на жени на ОО на СДСМ Куманово беше одржана комеморативна седница.
Божиновска беше вработена во Јавното претпријатие “Чистота и зеленило”.
Инаку, билансот на загинати лица во поплавите што го зафатија скопскиот регион се искачи за уште едно лице, а станува збор за 12 – годишно дете од Стајковци.
Удавеното тело е пронајдено од страна на неговиот татко, а по извршена идентификација по наредба на ЈО телото на починатото дете е предадено на фамилијата за погреб.
За исчезнато се уште се води и 18 – месечно бебе.