Денес до 40 степени, а утре невреме и пад на температурата

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, особено во источните делови, информираат од Управата за хидромеотеоролошки работи.

Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од западен и југoзападен правец. Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9. Утринските температури ќе бидат во 14 до 22, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 33 до 40 степени. Центарот за управување со кризи во текот на вчерашниот прогласи жолта фаза на територијата на целата држава.

Во Куманово денес ќе имаме сончево и многу топло време со слаб ветер од западен правец. Температурата на воздухот ќе се искачи до 36 степен, а вреднсота на УВ индексот ќе изнесува 8.

Утре попладне ќе настапи значителна промена на времето кога на повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Врнежите ќе бидат пообилни преку ноќта кон сабота, особено во северните делови. Утре кон крајот на денот ќе почне да дува северен ветер кој повремено ќе се засилува и ќе предизвика нагло опаѓање на температурата.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно, ветровито и доста посвежо време со локални врнежи од дожд. Од понеделник се очекува повторно стабилизирање со постепен пораст на температурата.