Денес 28 степени, а од утре до недела посвежо и врнежливо време

Сподели со своите пријатели

Времето во текот на денешниот ден ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, инфромираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и југоисточен правец, а минималните температури низ државата ќе се движат  од 4 до 11, додека највисоката дневна температура на воздухот ќе се движи во интервал од 22 до 28 степени целзиусови.

Куманово и околината исто така ќе имаат сончево време со мала облачност во текот на денот и слаб ветер од јужен, односно југоисточен правец.

Од петок до недела ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд и со појава на грмежи, особено в сабота. В петок повремено ќе дува засилен југоисточен ветер, а од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето и постепено затоплување.