ДЕН НА СЛОБОДАТА: Вухан отворен по два месеци изолација

Сподели со своите пријатели

Кинескиот град Вухан, првиот во кој избувна епидемијата на коронавирус кон крајот на декември минатата година, започна повторно да се отвора кон остатокот од земјата, откако беше изолиран скоро два месеци, дозволувајќи барем делумно враќање во нормалниот живот на своите граѓани и семејства.

Loading...

Во Словенија досега 648 случаи на коронавирус

Укинувањето на блокадата на Вухан, кој повторно ги отвори своите граници и ги активираше повторно услугите на одредени метроа, Ројтерс ја гледа како пресвртница во борбата на Кина против вирусот, иако епидемијата се шири во светот во меѓувреме.

Меѓу оние кои утрово се најдоа на брзите возови, а на кои им е дозволено да влезат во градот утрово е Гуо Лиангкаи, 19-годишен студент чија работа еден месец во Шангај се развлече на три месеци, како резултат на ограничувањата во движењето.

Рекорден број на жртви во Шпанија

„Среќен сум што го видов моето семејство“, изјави Гуо за Ројтерс, откако беше пречекан од неговата мајка на главната станица.

Властите на Вухан презедоа „драконски мерки“ за да ги спречат луѓето да влегуваат или да заминат од градот со 11 милиони луѓе во централна Кина.

Цели семејства беа ограничени на своите домови, автобуските и такси-услугите беа укинати, додека само на продавниците витални за животот на граѓаните им беше дозволено да работат.

Loading...

Во Русија 1.264 случаи на коронавирус, досега починати 4 лица

Националната здравствена комисија на Кина соопшти денеска дека се пријавени 54 случаи на коронавирус во континенталниот дел на земјата, зголемувајќи го бројот на заразени на 81.394, со 3.295 мртви.

Leave a Reply