Демократите во Аризона прогласија победа

Сподели со своите пријатели

Демократите на американскиот претседател Џо Бајден со победата во Аризона се доближија до задржување на контролата над Сенатот, ги пренесуваат американските медиуми сѐ уште неофицијалните и непотврдени изборни резултати од пред три дена.

Loading...

Во Претставничкиот дом демократите имаат 199 гласа, а републиканците 211 места. Досега демократите имаа тесно мнозинство од 222 места во Претставничкиот дом, наспроти републиканците кои имаат 213 места.

Демократот Марк Кели објави победа во сенатската трка во Аризона, јавува Радио Слободна Европа.

Тој им се заблагодари на гласачите во државата што му дале втор мандат. Сепак, официјалните бројки допрва треба да се потврдат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американците ставија вето за прием на Палестина во ООН

Резултатите сѐ уште се чекаат за Невада и Џорџија

– Од првиот ден, оваа кампања ангажираше многу Аризонанци, демократи, независни и републиканци, кои веруваат во соработката за решавање на значајните предизвици со кои се соочуваме – рече Кели.

Негов републикански ривал за местото во Аризона беше Блејк Мастерс. Доколку се потврдат тие резултати, демократите засега имаат освоено 49 места во Сенатот, но републиканците имаат и 49. Сѐ уште се чекаат резултатите за Невада и Џорџија.

Сенатот има 100 места, а за контрола треба да се освојат 51. Досегашното пребројување на гласовите во Невада покажува многу тесна борба, додека трката во Џорџија ќе биде решена на вториот круг од 6 декември.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето

Контрола на горниот дом

Тоа значи дека Соединетите Американски Држави (САД) можеби нема да знаат која партија ќе го контролира Сенатот до вториот круг од Џорџија.

Loading...

Доколку демократите победат во која било од двете преостанати трки, тие ќе ја задржат контролата над Горниот дом на Конгресот бидејќи американскиот потпретседател може да го даде одлучувачкиот глас во нивно име.

Изборите одржани на 8 ноември во САД за Претставничкиот дом, Сенатот и гувернерите на сојузните држави, популарно наречени среднорочни избори бидејќи се на половина пат од претседателскиот мандат, традиционално се еден вид референдум за актуелниот претседател.