Дембеле не тренирал со Барса, ја напушти базата

Сподели со своите пријатели

Усман Дембеле, кој е поврзуван за трансфер во Манчестер Јунајтед, денес не тренира со Барселона, објави „ЕСПН“.

Loading...

Претходно денес, тој се појави во базата на Каталонците, но пред почетокот на тренингот, тој си заминал.

Според последните информации, францускиот напаѓач се согласил да се пресели на „Олд Трафорд“, но двата клуба допрва треба да се договорат.

Досега, Дембеле ја чинеше Барса околу 138 милиони евра со разни бонуси.

Влатче Зорба


Leave a Reply