Loading...
Делови од околината на Куманово утре ќе останат привремено без електрична енергија, најавуваат од ЕВН Македонија.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 08:00 до 14:00 прекини ќе има кај корисниците од улица „1“, односно Никуљски пат во населбата Карпош, како и улиците „40“, „141“, „144“ и „147“ од истата населба.
Прекини се најавени и за селото Лојане во период од 08:30 до 13:30 часот.
Станува збор за најавени прекини поради интервенција во дистрибутивната мрежа.
Никола Ивановски