Делови на Куманово утре без струја

Сподели со своите пријатели

Повеќе делови на Куманово во текот на утрешиот ден ќе бидат без електрична енергија поради најавени прекини од ЕВН Македонија.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи во период од 07:30 до 08:30 часот прекини ќе има кај корисниците од село Речица, улицата „Доне Божинов“, дел од населбата Средорек, м.в. Примакови Ниви, Објекти во индустриската зона Речица, како и дел од населбата  Долно Којнаре.

Во период од 08:00 до 10:00 часот прекини се најавени за корисниците од населбата Железничка станица.

Станува збор за најавени прекини поради интервенција во дистрибутивната мрежа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 18-годишник од Куманово поради кражба

Никола Ивановски