Делови на Куманово денеска и утре без струја

Сподели со своите пријатели

Без електрична енергија денеска и утре ќе бидат делови на Куманово, поради планирани прекини од ЕВН Македонија.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, денеска во период од 09:00 до 12:00 часот без напојување ќе бидат Агино село, како и улиците „Б.Б.Гуцман“, „Титова Митровичка„ „Вараждинска“.

Прекини на електричната енергија ќе има и утре и тоа на улиците „Страшо Пинџур“ и „Видое Смилевски Бато“ во период од 09:00 до 11:00 часот.

Во периодот од 12:00 до 14:00 часот прекини се најавени за улиците „АВНОЈ“, „В. Смилевски Бато“ и „Васко Карангеловски“, додека од 08:30 до 11:00 часот без струја ќе биде село Тромеѓа.

Причина за најавените прекини е интервенција во дистрибутивната мрежа од екипите на ЕВН Македонија.

Никола Ивановски

Leave a Reply