Дел од населбата Карпош денес без електрична енергија

Сподели со своите пријатели

Дел од кумановската населба Карпош денеска ќе остане без електрична енергија поради најавен прекин од страна на ЕВН Македонија кој ќе трае од 9 до 15 часот, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Без електрична енергија ќе останат и објектите кои се наоѓаат во близина на гробиштата, а прекинот на електро дистрибутивната мрежа се дожли на технички подобрувања на мрежата од страна на ЕВН Македонија.