Дел од нафтените деривати од полноќ со нови цени

Сподели со своите пријатели

Регулаторната комисија денеска донесе одлука за новите цени на нафтените деривати кои почнуваат да важат од ноќеска на полноќ.

Loading...

Дизелот поефтинува еден денар, додека бензинот останува со иста цена како и претходно.

Новата цена на дизелот ќе изнесува 48,50 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќиснтво ќе се продава за 37,50 денари.

За 1,5 денари поевтинува и мазутот М-1 НС, со што неговата цена од полноќ ќе изнесува 19,257 денари за еден килограм.

Бензинот останува со непроменети цени, односно Еуросупер БС-95 останува 62,50 ден/лит додека еуросупер БС-98 ќе се продава по 64,50 ден/лит.