Дел од цивилните бродови од пристаништето Мариупол ќе ги преземе сепаратистичката ДНР

Сподели со своите пријатели

Дел од цивилните бродови од украинското пристаниште во Мариупол, кое е под контрола на руските сили, ќе ги преземе трговската флота на сепаратистичката Доњецка Народна Република (ДНР), пренесува Интерфакс.

Loading...

Шефот на ДНР, Денис Пушилин, денеска им изјави на новинарите дека бродовите треба да се преименуваат и дека ДНР на тој начин ќе добие своја трговска флота.

 

Од утре „паѓаат“маските во Австрија, освен во Виена

 

Тој изјави дека пристаништето повторно ќе биде во целосна функција до крајот на јуни.

„Денес 2.500 тони топло валани лимови го напуштија пристаништето Мариупол, бродот исплови кон (рускиот град) Ростов на Дон“, напиша Пушилин на Телеграма.

Тој потсети дека пристаништето во Мариупол е најголемо на Азовското Море и единствено каде може да се товарат сите видови товар, вклучително и во зима.

Loading...

 

Од утре „паѓаат“маските во Австрија, освен во Виена

 

Денеска е деведесет и седмиот ден на руската инвазија на Украина.