Дечињата од Бадниковата поворка го посетија градоначалникот Димитриевски (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Празнувањето на Бадник во Куманово и годинава започна со утринската Бадникова поворка во која учествуваа над 70 дечиња.

 

Loading...

 

Тие со пештерата која го симболизира местото каде се родил Исус Христос, од Соборниот храм „Свети Никола“ пеејќи ја песната „Вечниот бог“ продефилираа низ градот, а го посетија и градоначалникот Максим Димитриевски.

– Целта е да го поздравиме раѓањето на Господа, онака како тоа се правело во дамнешните времиња, се додека не почнале да се практикуваат некои пагански обичаи и се пее „Коледеледе“  која на никој начин не најавува дека Христос се раѓа, затоа ние ја научивме песната Вечниот Бог, работевме и прекрасно се дружевме со дечињата и низ едукација на децат аи родителите учевме како е правилното празнување на овој празник, изјави Ружица Денковска, од иницијативата за Бадниковата поворка.

Дечињата од поворката, од страна на градоначалникот Максим Димитриевски беа дарувани со пригодни подароци во духот на Бадник, кој им го честита празникот и им посака среќа, здравје и просперитет.

– Во предвечерието на најголемиот наш празник христијански денеска имав задоволство и чест од ваша страна да не посетите во општината, да ја слушнеме песната за Вечниот бог, и искрено сум благодарен што ја негувате традицијата, како најмлади давате допринос за одржување на нашата православна христијанска традиција, а воедно да се заблагодарам на вашите родители и сите ентузијасти кои даваат допринос да се негува традицијата, рече Димитриевски.

Поворката по посетата на Општина Куманово продолжи со дефилирање низ централното градско подрачје.

 

 

Loading...