Децата повеќе се трудат ако гледаат дека напорно работите

Сподели со своите пријатели

Децата на возраст од 15 месеци може да бидат истрајни во оставуравањето на целите ако набљудувале како возрасните напорно се борат со задачата пред да постигнат успех, покажел новите истражувања.

Резутлатите сугерираат дека родителите би можеле да имаат корист ако ги пуштат децата да гледаат како се потат за остварување на својата цел.

– Покажувањето на децата дека тешката работа успева може да ги охрабри исто така напорно да работа, заклучиле во истражувањето објавено во магазинот „Science“.

Бебињата кои учествувале во испитувањето не имитиране она што го прават возрасните. Тие биле соочени со други предизвици и покажале дека ја усвојуваат главната лекција за значењето на истрајноста и испехот во адачата.

Истражувачите од Институтот за технологија Масечусетс извеле три експерименти во кои биле вклучени 262 деца на возраст од 13 до 18 месеци и во просек 15-месечни бебиња.

– Резултатите покажала дека децата може да ја научат вредноста на напорите од само неколку примери, рекла авторката на студијата Лаура Шулц.

Студијата не можела да утврди колку долго траат ефектите, нит се покажало дали родителите би можеле да постигнат исти резултати со своите деца, но како навела коавторката Џулија Леонард, нема да биде болно ако таа пракса се испроба на сопствените деца.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.