Децата од ЈУ “Ангел Шајче” даруваа за посиромашните врсници (фото)

Сподели со своите пријатели

Преку проектот „Од  дете за дете“,  хуманитарен проект на Министерството за труд и социјална политика спроведен во соработка со јавните установи за деца, денес во објектот на ЈУ “Ангел Шајче”, беше извршено примопредавање на собраната помош која подоцна ќе биде распоредена до социјално ранливите категории на деца на ниво на Куманово.

Loading...

12277185_1064562543562420_430605742_n

Лидија Николовска – Георгиевска, координатор на проектот денес информираше дека собирањето помош се одвивало во две засебни акции, т.е во јуни и октомври, при што е соберена разновидна помош од страна на децата и нивните родители.

  • Денешната донација се состои од облека, обувки, детска литература и други помагала што се потребни на децата. Спроведени се две акции во јуни и во октомври оваа година, при што се соберени околу 2120 разни видови на облека, прилагодена според временските промени, летна, зимска. Имаме околу 113 детски играчки, 101 пар детски обувки, патики и ред други работи. Имаме помагала како чанти, капи, шалови, боенки, сликовници, сè што ќе им треба на децата од ранлива категорија“-изјави Георгиевска, координатор на проектот.

Проектот “Од дете за дете” се спроведува втора година по ред на ниво на Македонија.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.