Децата на родители пушачи имаат четири пати поголема шанса и самите да пушат

Сподели со своите пријатели

Тинејџерите чии родители пушат, четири пати почесто и самите стануваат пушачи во споредба со нивните врсници кои растат во дом на непушачи.

Loading...

Ова се резултатите од новата кампања во Велика Британија, во која лекарите апелираат до родителите и старателите да се откажат од цигарите.

 

 

Податоците покажаа дека 4,9 отсто од тинејџерите чии родители пушат почнале сами да пушат.

Од друга страна, само 1,2 отсто од нивните врсници, кои растат во дом за непушачи, земале цигари во раце.

Со новата кампања, британските лекари сакаат да го истакнат влијанието што возрасните пушачи можат да го имаат врз животот на младите луѓе.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Одите во тоалет со мобилниот? Размислете повторно, оти може да биде опасно!

Министерката за здравство Меги Труп рече дека се надева дека истражувањето ќе им даде на родителите дополнителна мотивација да се откажат од пушењето.

 

 

„Истражувањето покажа меѓугенерациска поврзаност и влијанието што родителите можат да го имаат врз нивните деца. Тоа треба да им послужи како дополнителна мотивација да се откажат од цигарите“, истакна британскиот министер за здравство.