Даштев рид во Куманово пошумен со 5.000 садници (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Околу 5.000 садници денеска ќе бидат засадени на локацијата Даштев рид во кумановската населба Гоце Делчев од страна на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“, Армијата на Република Македонија, Советот на Општина Куманово, како и ученици од сите средни училишта.

Loading...

Како што информираше градоначалникот Максим Димитриевски, кој лично се вклучи во акцијата, целта е оваа година да бидат засадени повеќе од 10.000 садници.

– Апел до граѓаните да се вклучат во тие акции за пошумување на градот, бидејќи повеќе од јасно е дека еден од главните проблеми во делот на загадувањето и неквалитетен воздух е токму недостаток на нови зелени површини во градот и сметам дека секој може да даде допринос во делот на озеленување на нашиот град, изјави Димитриевски.

Акцијата, како што истакна директорот на ЈП „Чистота и зеленило“ Даниел Стојчевски е во пресрет на денот на пролетта.

– Се работи за околу 5.000 станици, опфатена е поголема површина, оној заштитен појас кој се наоѓа испод градските гробишта над населеното место. Оваа акција претставува и мерка преземена од страна на Советот за намалување на аерозагадувањето во нашиот град, изјави Стојчевски.

Надлежните испратија пораки граѓаните да не ги уништуваат новите посадени садници, бидејќи тие треба да допринесат за поздрава животна средина во која сите граѓани на Куманово ќе дишат чист воздух.

Loading...

Leave a Reply