Данска протера 15 руски дипломати по масакрот во Буча

Сподели со своите пријатели

Данска одлучи да протера 15 руски дипломати поради извештаите за масовни гробници и убиства на цивили во Буча, изјави денеска данскиот министер за надворешни работи Јепе Кофод, пренесува Ројтерс.

Loading...

Да потсетиме, Украина ја обвини руската армија дека „свесно извршила масакр“ во Буча, каде по повлекувањето на руските војници беа пронајдени масовни гробници и стотици тела.

 

Може ли на Путин да му се суди за воени злосторства?

 

„Најдовме масовни гробници. Најдовме луѓе со врзани раце и нозе“

Портпаролот на украинскиот претседател Серхи Никифоров за Би-Би-Си изјави дека во Буча биле пронајдени масовни гробници по заминувањето на Русите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин: Русија не планира инвазија на Европа, тоа е целосна глупост

„Најдовме масовни гробници. Најдовме луѓе со врзани раце и нозе со траги од куршуми во главите испукани одзади“, изјави Никифоров за Би-Би-Си. „Јасно е дека тие биле цивили и дека биле егзекутирани. Се чини дека тоа се воени злосторства“, рече тој.

Loading...

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, за неделното издание на германскиот весник „Билд“ изјави дека „она што се случи во Буча и околината на Киев може да се опише како геноцид“.

 

Зеленски: Преговорите со Русија се единствената опција

 

Германија и Франција исто така одлучија да протераат руски дипломати

Германските власти вчера протераа 40 руски дипломати од земјата поради масакрот во Буча.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца

Аналена Баербок, германската министерка за надворешни работи, рече дека овој потег е одговор на „неверојатната бруталност на руското раководство и на оние кои ја следат неговата пропаганда“, пишува АФП.

Тоа го направи и Франција, која вчера објави дека има намера да протера 35 руски дипломати чии активности се во спротивност со нејзините интереси.

Loading...

„Потегот е дел од европскиот пристап“, се вели во соопштението на Министерството.

 

На Западот му снемува начини да го казни Путин